Search

ИОМ: Над 7,4 ијлади мигранти и бегалци загинале во Африка за пет години

Повеќе од 7,4 илјади мигранти и бегалци загинале од 2014 година во Африка, вклучувајќи повеќе од 570 лица оваа година, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Во Африка во просек умираат по 25 мигранти и бегалци, изјави портпаролот на ИОМ, Џон Милман. Во Северна Африка има најголем број смртни случаи (4.400 луѓе), по што следи регионот јужно од Сахара (1.830 лица) и Африканскиот рог (1.171 лица).

Повеќе од 54.000 мигранти и бегалци дојдоа во Европа преку Медитеранот оваа година, при што загинаа над 900 луѓе, соопшти ИОМ. Во светот од почетокот на годината загинале 2.234 мигранти и бегалци, соопштија од организацијата.

Треба да знаете
Последни објави