Search

ИОК ќе ги покрие трошоците за вакцинирање на учесниците на Олимписките игри во Токио

Интернационалниот олимписки комитет има намера да ги покрие трошоците за вакцинирање на спортисти пред Олимписките игри во Токио, пренесува „АП”.

Претходно, претседателот на ИОК, Томас Бох, рече дека ќе работи на тоа сите учесници на Олимписките игри во Токио да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку вакцината е достапна до тоа време.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година. Поради пандемијата, игрите се одложени за една година и ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави