Search

ИН МЕМОРИАМ: Почина Живко Дуковски

Почина легендата на македонскиот бокс и основач на „Златниот гонг“, Живко Дуковски во 84. година од животот. Maкeдонскиот спорт загуби уште една своја голема легенда. Во 84-тата година од животот денеска во Скопје почина Дуковски, големиот боксерски шампион, тренер и спортски функционер кој со многу што го задолжи спортот во Македонија.

Дуковски засекогаш ќе остане запаметен како основачот на „Златниот гонг“ и тренерот кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваше медали на Олимписките игри, Светските и Европските првенства. Асови кои се профилирале под негово водство се Самоиловски, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азис Салуху, Реџепагиќ, Василев. Беше селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства. Извесен период работеше и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски кои освоија бронзени медали на Олимписките игри. Со Руждија Калач во БК Скопје го подготвија Вели Мумин до двете бронзи на Европските првенства.

Дуковски беше избран меѓу 10 најуспешни тренери на векот во Македонија, член на Македонскиот олимписки комитет, а доби и големо признаие од ЕАБА, станувајќи член на Техничката комсија, како единствен наш претставник. Дуковски беше доајен на македонскиот бокс.

Треба да знаете
Последни објави