Search

ИН МЕМОРИАМ: Владимир Михајловски – Папс

Ракометното семејство на Вардар загуби еден спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на „црвено-црните”.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „клубот почнува да владее во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните”, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Без еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.

Треба да знаете
Последни објави