Search

Инцидент при оддавањето почит на убиените во протестите во Тирана пред осум години

Мал инцидент се случи денеска при оддавањето почит на жртвите на масовните протести на 21 јануари 2011 година, што  се одржа на булеварот „Народни херои”, пред Владата во Тирана.

Инцидентот се случил кога постар човек се обидел да му се приближи на албанскиот премиер Еди Рама за да му даде писменце,нпри што почнал да вика „Ти си антиалбанец”.

Лицето, кое е идентификувано како Пал Шкемби, е приведено.

Секоја година на 21 јануари се оддава почит на четвроцата убиени за време на масовниот протест што се случи пред Владата пред осум годни.

На оддавањето почит, освен Рама и албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши, присуствува и роднини на убиените и други граѓани, кои положија цвеќе.

Роднините на убиените изразија разочарување што се уште ја „не ја виделе правдата” за нивните најблиски.

– Преживеав трагедија. Смртта на брат ми Зивер Веизи беше неочекувана. Немаше поминато ни две години откако поголемиот брат го усмрти автомобил. Правдата се уште не е најдена. Сепак се надеваме дека новите правосудни институциите ќе го расветлат ова прашање, изјави сестрата на убиениот, Трендафила.

Во масовните протести, кои ескалираа пред Владата, беа убиени Алекс Ника, Зивер Веизи, Хекуран Деда и Фаик Миртај. Протетите ги предводеше тогашната здружена опозиција, на чело со  социјалистите на Рама.

На протестите учествуваа неколку десетици илјади граѓани од сите делови на земјата. Тие се одвиваа мирно, но ескалираа кога демонстрантите почнаа да фрлаат тврди предмети врз полицискиот кордон и се обидоа насилно да влезат во Владата, извикувајќи „Бериша оди си”.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растури толпата, а беше донесено и дополнително обезбедување од прпадници на Национата гарда и поставена бодликава жица. Постоеа сомнежи дека врз демонстрантите пукале гардисти, но до денес случајот не е расветлен.

Актуелниот лидер на опозициските демократи, Љуљзим Баша, тогаш беше албански министер за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави