Search

Инцидент пред МЗ: Нервозен граѓанин барал да го види Филипче

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, дознава Слободен печат.

-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, изјави Филипче.

Треба да знаете
Последни објави