Search

Инциденти во Белград, демонстрантите се обидуваат да влезат во Парламентот

Група демонстранти ја нападнаа вечерва зградата на српскиот Парламент, пробивајќи ја заштитната ограда пред влезот на законодавниот дом и со неа почнале да ја гаѓаат вратата, но полицијата веднаш реагирала и ја отстранила.

Хулиганите со фантомки на глава фрлале со камења и шишиња кон припадниците на полицијата, но засега полициските сили не одговараат на нападите.

Голем број демонстранти се повлекуваат пред напаѓачите, а кородни полиција се распоредени околу Парламентот.

Вратите на Парламентот цело време биле затворени, а групата демонстранти ги повикувала останатите да им се придружат.

Искрешени се и надзорните камери, а се слушаат и „топовски удари”.

Претходно, се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Како што објави порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.

Треба да знаете
Последни објави