Search

Инциденти во Аеродром: Силување и претепан насилник на Владимир Комаров

Силување и тепачка биле регистриани ноќеска во скопскат населба Аеродром, информираше МВР. Двата инцидента се случиле на улицата Вадимир Комаров.

-На 24.05.2019  01.20 часот во полициска станица  Д.А(31) од Скопје пријавил дека на 23.05.2019 околу 23 часот на улицата Владимир Комаров бил физички нападнат од страна на неколку лица. Претходно, околу 40 минути по полноќ А.О (45) од Скопје пријавила дека на 23.05.2019 околу 23,00 часот на улица ,,Владимир Комаров“ Д.А(31) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир  со недолично однесување кон нејзината ќерка, велат од МВР.

На истата улица се случил уште еден инцидент.

– На 24.05.2019 година во 4 часот во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица Владимир Комаров во Скопје, Л.Ј.(49) била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на С.Б. (39) од Босна и Херцеговина. Со него претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи. С.Б. е приведен во полициска станица, велат од МВР.

 

 

Треба да знаете
Последни објави