Search

Инфософт групација со 420 илјади евра им помага на настраданите во Албанија

Управниот одбор на Инфософт Групацијата, со поддршка на раководителите на компаниите на Групацијата, Инфософт Системс, ИТД, ИнтерБрендс, Интер Трејд & Дистрибуција, Интер Дистрибјушн сервиси, ИМЛС, ИнРЕ одлучи да и се придружи на иницијативата Солидарна Албанија со цел ублажување на состојбата на погодените од земјотресот со 420.000 евра.

Групацијата Инфософт оперира на повеќе пазари во регионов, меѓу кои и македонскиот преку компанијата ИТД Дистрибуција.

Овој износ од компаниите на Групацијата ќе се депонира во официјалната сметка најавена од Владата на Албанија, како фонд за реконструкција на области погодени од земјотресот.

-Тоа што овие денови го научивме е големата човечка сила, која се стекнува преку солидарноста и хуманоста која барем малку да ја ублажи состојбата за да се надминат штетите од оваа непогода. Со гордост денес се солидаризиравме и ја поддржуваме иницијативата Солидарна Албанија која се залага за реконструкција на оние области кои претрпеа огромни материјални штети, изјавија од УО на Групацијата при потпишувањето на декларацијата за солидарност.

Инфософт Групацијата, со својот слоган „ Stronger together”,  која има повеќегодишно филантропско делување, во овие тешки моменти стои блиску до секој граѓанин и ги поддржува сите иницијативи за ублажување на нанесените физички или психолошки штети, се наведува во нивното соопштение.

Во силниот земјотрес кој што ја погоди Албанија на 26 минатиот месец билансот на загинатите достигна 52 лица.

Треба да знаете
Последни објави