Search

Информација за традиционална крводарителска акција по повод 13 ноември

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Општинската организација на Црвен крст Карпош,  традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември преку препознатливото обележје во нашиот град на овој ден- организирање на крводарителската акција.

Истата ќе се реализира на споменатиот датум (среда, 13.11), во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз (ул. 11 Октомври 42 а) во периодот од 9:00-17:00 часот.

 Кон оваа акција, веќе традиционално ќе се приклучат вработените и менаџментот од Рамстор, по повод нивното 14 годишното постоење и нивната општествено одговорна визија.

Треба да знаете
Последни објави