Search

Информативна сесија за ИПАРД фондовите во Берово

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка и развој во земјоделството, денеска во Берово продолжија со информативните сесии, на кои присутните граѓани, земјоделци и останати заинтересирани ги запознаа со постапките и условите за аплицирање за средства од ИПАРД II Програмата 2014-2020.

Како што информираше Гоце Милошевски, раководителот на Подрачната единица на МЗШВ од Берово, земјоделците од Беровско со ваков тип информативни сесии, директно се запознаа со новите мерки, што ги нуди ИПАРД програмата.

-Својот интерес за мерките што ги нуди ИПАРД Програмата, земјоделците од беровскиот регион, го темелат околу мерките што значат набавка на земјоделска механизација, трактори и друга приклучна механизација во земјоделството. Овој начин на презентација на овие мерки, е нивно директно запознавање во кои други области тие можат да аплицираат за мерките од оваа програма, вели Милошевски.
Претставниците на МЗШВ, пред заинтересираните приватни и правни субјекти, истакнаа дека во екот на кампањата за публицитет на оваа мерка, во тек е и јавен повик за користење на средства од мерката, што беше објавен во петокот и трае 45 дена.
-Ги охрабрувам земјоделците да аплицираат на овој јавен повик, да поднесат изддржани и квалитетни проекти. Како една од поинтересните мерки за добивање средства од ИПАРД Програмата би ја напоменал мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси, која освен инвестиции во земјоделски капацитети во рурални средини опфаќа и други бизниси од типот на непрехранбени производи, услуги итн. Корисници на овие мерки, можат да бидат физички и правни лица, но и задруги, истакнаа од МЗШВ пред земјоделците во Берово.
 
Од таму додадоа, дека во текот на наредните неколку недели, ќе ги продолжат своите активности, преку инфо денови во повеќе општини и населени места.
Треба да знаете
Последни објави