Search

Инфлацијата во Франција се забрзува

 Потрошувачките цени во Франција се зголемија за 0,8 отсто во јули споредено со истиот месец лани, јави дописникот на МИА од Париз.

Потрошувачките цени – инфлацијата достигна 0,8 отсто во текот на една година во јули, наспроти 0,2 отсто претходниот месец, соопшти ИНСЕЕ во својата привремена проценка.

„Овој пораст на инфлацијата е резултат на производството, поврзан со доцнењето на летната распродажба и со помалиот пад на цените на енергијата. Од друга страна, цените на храната и во помала мерка на услугите и тутунот, се забавиле”, пишува ИНСЕЕ во белешката објавена на својата интернет страница. 

Треба да знаете
Последни објави