Search

Интер убедлив во дербито со Милан

Фудбалерите на Интер го добија градското дерби против Милан 0:2 и остануваат на врвот од табелата со четири победи од четири кола во Серија А.

VAR je u prvom dijelu već poništio dva gola. Jedan Milanu kada je zabio Piatek kojemu je dosuđeno igranje rukom te jedan Interu, odnosno Martinezu koji ga je zabio iz zaleđa.

Составот предводен од Антонио Конте заслужено ги освои бодовите откако покажа поквалитетна и посигурна игра, а до головите стигна во вториот дел.

Брозовиќ во 50 минута постигна гол со удар од ивицата на шеснаесетникот, а топката се одби од Леао и влезе во мрежата. Судијата прво го поништи голот поради офсајд на Лаутар, но по прегледување на снимките го призна голот. ВАР во првиот дел поништи два гола, еден на Милан оти Пјатек играл со рака, аа вториот на Интер поради офсајд на Мартинез.

Лукаку во 78. минута, ги постави конечните 0:2, најавувајќи го триумфот на „нероазурите“.

Џампаоло ги искористи Пакета, Ернандез и Ребиќ како резервисти, но тие не направија нешто посериозно во обидот да обезбедат барем бод за Милан.

Интер останува лидер со 12 бодови, додека Милан по вториот пораз има двојно помалку.

Треба да знаете
Последни објави