Search

Интер сака да го продолжи изнајмувањето на Санчез до крајот на сезоната

Калчолигашот Интер сака да го продолжи договорот за закуп со напаѓачот Алексис Санчез.

Според  „Sky Sports”, тимот од Милано се подготвени да го задржат 31-годишниот Чилеанец изнајмен од Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, која беше суспендиран поради пандемијата на коронавирус.

Претходно Интер го продолжи закупот на уште еден играч на Манчестер јунајтед – дефанзивецот Ешли Јанг.

Оваа сезона, Санчез има одиграно 15 натпревари на сите турнири во кои постигна еден гол и направи две асистенции. Напаѓачот го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда.

Треба да знаете
Последни објави