Search

„Интер“ сака да го врати Ковачиќ

Калчолигашот „Интер“ е заинтересиран да го врати во своите редови Матео Ковачиќ.

Според „Тутоспорт”, менаџментот на „неро-азурите” размислува за варијанта со 24-годишниот Хрват, како квалитетна алтернатива за можно купување на Лука Модриќ од „Реал“.

Ковачиќ се пресели од „Интер“ во „Реал“ во 2015 година, а сега е на позајмица во „Челзи“.

Во тековната сезона, Ковачиќ одигра 24 натпревари за „Челзи“, не постигна гол и забележа два асистенции.

Вредноста на Ковачиќ на фудбалскиот пазар се проценува на 35 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави