Search

Интер сака да го врати Ковачиќ на „Меаца”

Италијанскиот прволигаш Интер е многу заинтересиран да го врати хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ на „Меаца”, пишува „Кориере дело спорт”.

Ковачиќ за италијанската екипа одиграл 80 натпревари и постигнал пет голови, а во миланскиот клуб веруваат дека тој многу добро би се вклопил на средината која што ја познава.

Сепак враќањето на Хрватот кај „нероазурите” истиот извор го опишува како последна опција, доколку пропаднат првите две опции.

Првата опција е лондонскиот Челзи, каде што е позајмен од Реал, да го откупат за 30 милиони евра, и покрај забраната на трансфери од УЕФА, бидејќи тој во лондонскиот клуб е регистриран во летото 2018 година.

Втората, и помалку веројатна опција е враќањето на Матео кај „кралевите”, со кои има договор до 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави