Search

Интер подготвен да плати 35 милиони евра за Кулушевски

Играчот од средниот ред која настапува за италјанскиот калчолигаш Парма, како позајмен од редовите на Аталанта, Дејан Кулушевски може наскоро да се пресели во редовите на Интер, пренесува „Кориере дела Сера”. Според италјанскиот медиум, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.

Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е позајмен кај Парма до крајот на сезоната.

Деветнаесет годишниот Кулушевски оваа сезона има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави