Search

Интер победи во Венеција и останува во лов на Наполи и Милан

Интер со 2:0 победи на гостувањето кај Венеција и Нераѕурите остануваат во „лов“ на водечкиот двоец во Серија А. Хакан Чалханоглу е херојот на гостите, постигнувајќи го голот за водство од 1:0, а буквално во последните секунди од средбата Лаутаро Мартинез ги постави конечните 2:0.

Чалханоглу погоди во 34 минута со шут од околу 20 метри. За Хакан ова е 26-ти погодок постигнат надвор од шеснаесетникот во последните осум сезони и е втор најефикасен стрелец со шутеви надвор од казнениот простор, веднаш зад Лионел Меси.

Голот на Чалханоглу може да го видите ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави