Search

Интер пак е лидер по триумфот над Лацио

Фудбалерите на Интер ја продолжија победничката серија во Серија А и со осмиот триумф во низа, остварен вечерва во пресметката на домашен терен против Лацио (2-1), се вратија на врвот од табелата во италијанската елита.

„Нераѕурите“ сега имаат 49 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Милан, кој воедно има одиграно и еден меч повеќе. Составот од Милано стравуваше за триумфот до самиот крај, но сосема заслужужено дојдоа до бодовите. Бастони го отвори резултатот во 30. минута, но водството траеше само пет минути со оглед што Имобиле го изедначи резултатот.

Домаќинот продолжи со иницијативата, која вроди со плод во 67. минута, кога погоди Шкрињар со одличен удар со глава. Имобиле постигна и втор погодок во 79. минута, но тој беше поништен поради офсајд. Лацијалите со овој пораз останаа на делба од шестата до осмата позиција на табелата со Фиорентина и Рома со по 32 бодови, со тоа што „виолетовите“ ги освоија од два натпревари помалку.

Во вториот вечерашен меч, Салернитана направи огромно изненадување и како гостин ја совлада Верона (2-1), што е прв триумф на оваа екипа по два ипол месеци и низата од седум порази и само едно реми.

Треба да знаете
Последни објави