Search

Интер не се откажува од Матиќ

Интер нема намера да се откаже од идејата за привлекување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ за време на јануарскиот преоден рок, тврди Goal.com.

Тренерот на тимот од Милано, Антонио Конте по секоја цена го посакува српскиот репрезентативец на „Меаца” и е убеден дека со неговите квалитети екипата ќе може да се бори против Јувентус за титулата во Серија „А”.

Искусниот 31-годишен халф во моментов ја грее клупата под раководство на Оле Гунар Солскјер и тврди дека сака да го напушти клубот што е можно порано.

Неговиот договор е до крајот на сезоната и тој ќе има право да преговара со кој било тим од зимата за прелиминарен договор.

Сепак, идејата на Интер е да го привлече од јануари, а за неговите права ќе му плати симболична сума на Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави