Search

Интер му даде нова понуда на Дибала

Интер го конкретизира предлогот за договор со Пауло Дибала и вклучи клаузули во случај на повреди на фудбалерот, пишуваат италијанските медиуми. Аргентинскиот интернационалец е слободен агент, откако не постигна договор за продолжување на соработката со Јувентус. Се чинеше дека се е договорено со Интер, но, сепак, клубот малку ретерираше.

Според „Газета дело спорт“, Интер на Дибала серга му нуди основна плата од 5 милиони евра по сезона, плус уште 1 милион евра, доколку одигра барем 50 отсто од натпреварите во текот на сезоната. Раководството на Интер сакаше да ги заштити интересите на клубот во случај да се повторат проблемите со повредите на Дибала.

28-годишниот фудбалер минатата сезона одигра само 29 натпревари во Серија А за Јувентус поради честите повреди на мускулите.

Интер, исто така, бара од агентот на играчот, Хорхе Антун, да ја намали провизијата за евентуален договор. Во платата на Дибала се вклучени голем број бонуси поврзани со неговиот настап на теренот, но сумата е значително помала од 7 милиони евра по сезона што ги бара Аргентинецот.

Треба да знаете
Последни објави