Search

Интер и Челси рутински во осминафиналето на ЛЕ, Славија и Краснодар направија големи изненадувања

Шок терапијата наречена „Мауро Икарди“ се уште има позитивен ефект кон играчите на Интер, бидејќи избраниците на Лучијано Спалети остварија нова победа во отсуство на напаѓачот чиј статус уште не е разрешен од страна на клубот.

Играчите на Интер како да добија поголема волја за надигрување со отсуството на доскорешниот капитен, а тоа беше потврдено и оваа вечер на „Џузепе Меаца“ каде домашните фудбалери тргнаа амбициозно против Рапид Виена уште од самиот старт. Весино погоди за 1:0 во 11-та минута, а само седум минути подоцна стана јасно дека Интер ќе оствари лесна победа против австрискиот тим.

Второто полувреме беше далеку помирно, но сепак во самата завршница во листата на стрелците се запишаа Перишиќ и Политано кои се погрижија за уверлив пласман во осминафиналето во Лига Европа. Во оваа фаза од натпреварувањето ќе го гледаме и Челси кој рутински ја потврди елиминацијата на Малме со убедлива победа од 3:0 на домашен терен, а големи изненадувања во осминафиналето секако ќе бидат Славија Прага и Краснодар, тимови кои ги елиминираа Генк и Баер Леверкузен.

Треба да знаете
Последни објави