Search

Интер и Манчестер јунајтед им се придружија на Копенхаген и Шахтар во четвртфиналето од ЛЕ

Интер и Манчестер јунајтед им се придружија на Шахтар и Копенхаген во четвртфиналето од фудбалската Лига Европа, која продолжи по петмесечна пауза поради пандемијата со коронавирусот. Италјанскиот калчолигаш на неутрелен терен во Гелзенкирхен во еден меч го совлада шпанскиот Хетафе со 2:0, а Манчестер јунајтед на реваншот пред своите гледачи го совлада австрискиот ЛАСК со 2:1 и со вкупни 7:1 се најде меѓу осумте екипи кои ќе финишираат во вторто по ранг клупско европско натпреаврување, каде претходно денеска пласман обезбедија и данскиот Копенхаген и украинскиот Шахтар.

Во Манчестер во 55 минута поведе ЛАСК со убавиот погодок на Весингер постигнат од 20-ина метри, но само две минути подоцна Лингард испеа да избегне офсајд стапица и да израмни на 1:1. Марсиал во 88 минута „се прошета“ низ гостинската одбрана и го постигна победничкиот погодок.

Интер  за пласман требаше да одигра само еден натпревар, во кој го совлада шпански Хетафе со 2:0 со погодоците на Ромелу Лукаки во 33 минута и Ериксен во 83 минута, само шеесетина секунди откако влезе во игра. Хетафе во 76 минута не реализира пенал преку Молина.

Интер во четвртфиналето на 10 август во Диселдорф ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Баер Леверкузен и Ренџерс, кои реваншот во осминафинелето го играат денеска, а германскиот претставник има предност од 3:1 од првиот меч.

Манчестер јунајтед на 10 август во четвртфиналеот ќе игра против Копенхаген.

Шахтар во четвртфиналето на 11 август во Гелзенкирхен ќе игра против победникот од дуелот меѓу Базел – Ајнтрахт Франкфурт во кој по првиот меч швајцарскиот тим има предност од 3:0.

 

Треба да знаете
Последни објави