Search

Интер и Бреша се договорија за Тонали

Интер и Бреша се договорија за трансферот на младиот фудбалер Сандро Тонали на „Меаца”. „Нероазурите” веќе подолго време ги следат настапите на Италијанецот, а за него се интересираа Милан и Јувентус. Според „Кориере ди Бреша”, двата клуба се договориле за првата година фудбалерот да игра на позајмица во Милано, по што Интер ќе треба да го откупи 20-годишниот фудбалер за 35 милиони евра.

Се проценува дека Тонали ќе добива 2,5 милиони евра годишно од „нероазурите” и ќе потпише до летото 2024 година.

Играчот од средниот ред ќе замине во својот нов тим во понеделник и се очекува тогаш да го финализира неговиот трансфер.

Тонали игра најчесто како дефанзивен играч од средниот ред и има 35 настапи на сите турнири за Бреша.

Во текот на сезоната тој успеа да реализира еднаш и да запише 7 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави