Search

Интер е заинтересиран за Матиќ

Поранешниот италијански и европски шампион Интер е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ.

Миланскиот клуб има намера да договори трансфер со 31-годишниот Србин во зимскиот преоден рок, објави „Кориере дело Спорт”.

Интер е подготвен да потпише договор со Матиќ на три сезони со годишна плата од пет милиони евра. Тековниот договор на Матиќ со Манчестер јунајтед трае до летото 2020 година.

Оваа сезона, Матиќ има одиграно пет натпревари за англискиот тим во сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави