Search

Интер го зема Обамејанг под носот на Барса и Реал

Првиот стрелец на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг може да се префрли во Интер во текот на летото, пренесува „Тутумеркатовеб”.

„Нероазурите” ќе се приклучат во борбата за потписот на стрелецот од Габон, кој е баран и од Реал Мадрид и Барселона. На „Меаца” се загрижени дека може даго изгубат Лаутаро Мартинез, а Конте сака популарниот Оба да биде замена за аргентинскиот репрезентативец.

Оваа сезона, Обамејанг е единственат асветла точка за Арсенал. На 14 натпревари во Премиер лигата има 10 гола и 1 асистенција. „Топџиите” се на осмото место на табелата со 19 поени. Лондонскиот тим е во кошмарна серија од 8 натпревари без победа на сите турнири, што го чинеше Унаи Емери менаџерско место.

Тој беше заменет со Фреди Љунгберг, кој запиша реми 2-2 со Норвич. Во четврток, Арсенал го пречекува Брајтон во 15-тото коло од англиското првенство.

Треба да знаете
Последни објави