Search

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон центарот на градот, јавува ТАСС.

Автобуси со интервентна полиција може да се видат во близина на плоштадот Независност, меѓутоа сè уште не е блокирана ниту една улица  додава агенцијата.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти од гласачите. По објавата на резултатите, во Минск и други градови во Белорусија избија протести, на кои, според властите, уапсени се околу 2000 незадоволни граѓани.

Треба да знаете
Последни објави