Search

Интерактивно предавање „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?”. 

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, Радио МОФ денеска преку видео платформата Зум ќе одржи интерактивно предавање на тема „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?”.

– Гости – предавачи на настанот ќе бидат Весна Никодиновска, новинарка и комуниколог МИМ, Марија Севриева, новинарка во Види Вака и Матеј Поп-Дучев, студент по медицина. Преку презентација на нивното досегашно искуство со борење против дезинформациите за Ковид-19 и конкретни примери ќе имате можност да научите како правилно да се информирате за вирусот, од каде да ги наоѓате точните информации, како правилно да ги пренесувате вестите кои сте ги слушнале и како да проверите дали нешто е точно или само лажна вест, најавуваат организаторите.

По предавањата ќе следат дискусии каде гостите ќе имаат можност да постават прашања.

Треба да знаете
Последни објави