Search

Интенвизно се работи на системот „Равен-Речица” за наводнување на 3.300 хектари земјиште во Полошко

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство интензивно работи на изградба на системот за наводнување „Равен – Речица”, со што ќе се овозможи зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион опфаќајќи вкупно 3.300 хектари земјодлеска површина во Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

-Во овој период на терен во полн ек се градежните работи во делот на изградба на изливниот базен во што ќе се собира водата, се врши копање на каналот за цевководот и изградени се пристапните патишта до базенот и до цевководот. Со овој систем за наводнување ќе се наводнува  земјоделската  површина што се протега од десната горна страна на  автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, почнувајќи од Здуње се до Мала Речица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со овој хидромелиоративен систем  ќе се опфати и дополнителна  површина од 300 хектари, што се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, во  атарот на населеното место Горно Седларце.

Вкупната вредност на инвестицијата за реализирање на главниот доводен цевковод од системот за наводнување „Равен – Речица” изнесува околу  975 милиони денари. Изградбата ќе се реализира во две фази и се очекува да трае пет години.

Реализацијата на овој капитален проект се финансира со средства од Буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска подршка на руралниот развој.

Треба да знаете
Последни објави