Search

Институтот за костуми при Метрополитен музеј на уметноста ја објави темата за 2020 година: За времето: Мода и траење

Годината 2020 е пресвртница за Метрополитен музејот на уметност. Њујоршката институција ќе ја прослави својата 150-годишнина со серија изложби, а повеќето од нив главен фокус ќе стават на маестралните дела во своите колекции, како и нови аквизиции направени како дел од Иницијативата за колекции 2020 во чест на годишнината.

Согласно темата на годината, Метрополитен денес објави дека пролетната изложба на Институтот за костуми ќе прикаже модна историја стара еден и пол век, извадена од неговата архива. Изложбата „За времето: Мода и траење“ , застапува „нијансиран и отворен“ пристап, вели Ендру Болтон, куратор на Венди Ју, задолжен за Институтот за костуми. „Тоа е преиспитување на модната историја која е фрагментирана, дисконтинуирана и хетерогена“. Инспирацијата за изложбата Болтон ја пронајде во филмот на Сали Потер Орландо, од 1992 година, кој се засноваше на истоимениот роман на Вирџинија Вулф.

„Има една прекрасна сцена,“ вели тој, „во која Тилда Свинтон влегува во лавиринт во женска наметка од 18 век à la Francaise, и додека поминува низ лавиринтот нејзината облека се менува во фустан од средината на 19-тиот век, и потоа таа се појавува во фустан во Англија од 1850-тите. Ете од каде потекнува првичната идеја.“

Треба да знаете
Последни објави