Search

„Инстаграм“ го избриша профилот кој ги прикажуваше тешкотиите на геј муслиманите во Индонезија

Социјалната мрежа „Инстаграм“ го отстрани профилот на кој во форма на стрип беа прикажани тешкотиите со кои се соочуваат геј муслиманите во Индонезија, по лавината реакции на интернет во најголемата муслиманска земја по бројот на жители.

Министерството за комуникации во Индонезија соопшти дека профилот под името Алпатуни бил порнографски и е избришан бидејќи ресорниот министер испратил писмо со предупредување до „Инстаграм“.

Стрипот ги прикажуваше геј мажите кои се соочуваат со дискриминација и злоставување, што стана честа појава во Индонезија од крајот на 2015 година, кога конзервативните политичари и верските лидери почнаа кампања за прикажување на геј, бисексуалните и трансродовите лица како закана за нацијата, пишува новинската агенција „Бета“.

Избришан е профилот сo истото име и на „Фејсбук“.

Треба да знаете
Последни објави