Search

Инспекциски надзор во словенечката полиција по информациите за наводна шпионажа на пратеници и политичари

Инспектори предводени од комесарот за информации Мојца Прелесник почнаа инспекциска постапка во словенечката полицијата со цел да се испитаат информациите за наводна шпионажа и следење на политичари и пратеници.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Плесник веќе го потврди инспекцискиот надзор, кој доаѓа по ненадејната контрола, исто така врз полицијата која ја направи Комисија за надзор врз безбедносните и разузнавачките служби (КНОВС).

Дополнително и Дирекцијата на генералната полиција соопшти дека започнале внатрешна истрага по информациите за наводна шпионажа, а директорката Татјана Борнар кажа дека тие имаат редовни интерни контроли за тоа како се употребуваа личните податоци на луѓето.

Инаку, вонредната контрола врз полицијата која ја направи КНОВС беше тема за остра политичка дебата во Словенија. Премиерот во оставка Мајан Шарец контролата ја опиша како дефокусирање од истрагата за влезот на унгарски пари во Словенија, додека од партијата на Јанша, чии пратеници беа најбројни при контролата врз полицијата, сметаат дека се работи за нивно законско право и должност да вршат контрола врз работата на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави