Search

Инспекторите од општина Гази Баба во акција за дислоцирање на хаварисаните возила

Општина Гази Баба започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини. Општинскиот инспекторат, акцијата ја започна од населбата Автокоманда, населено место од каде пристигнаа најголемиот број на поплаки од граѓаните кои бараа да се дислоцираат хаварисаните возила. Граѓаните кои имаат свое возило кое не е во возна состојба на јавните паркинзи, ќе имаат рок од 15 дена да ги дислоцираат возилата, а ќе бидат и означени со посебни налепници.

Доколку и понатаму возилата не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки и отстранувањето на возилото ќе биде на трошок на сопствениците.

Градоначалникот Борис Георгиевски е оптимист дека оваа акција успешно ќе се спроведе и дека граѓаните ќе соработуваат бидејќи дел од оние кои веќе добија  опомена, сами ги отстранија возилата.

Првата фаза покрај Автокоманда ќе ги отпфати и Железара и Ќерамидница, а втората населбите Триангла, Хиподром и Ченто. Целта на оваа акција е да се ослободат узурпираните паркинг места од хаварисани возила, а кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина.

Треба да знаете
Последни објави