Search

Инспекторатите со засилени овластувања постапуваат по прекршувања на мерките за заштита од КОБИД 19, нема толеранција за прекршителите

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ преку усвојувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, обезбеди сите инспекторати да добијат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.
Со измените и дополнувања на Законот, инспекторите кои на терен ќе констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент му изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот, веднаш, на лице место ќе биде затворен.
Истовремено, преку измените, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект.
Со овие измени сериозно го зајакнуваме системот на контрола на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.
Уште од првиот ден од стапувањето на сила на измените, се зајакна контролата на објектите.
Конкретно, во првата вечер, од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата беа извршени  вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници, при што еден објект во Гостивар бил веднаш затворен заради прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Почитувани,
Состојбата со коронавирусот е сериозна. Потребна е максимална одговорност од сите. Државата, инситуциите имаат капацитет да ги спроведат мерките за заштита од КОВИД 19, но и неселективно и правнично да ги санкционираат оние кои ги прекршуваат.
Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита.
Се работи за нашето и за јавното здравје. Да бидеме одговорни да ги почитуваме мерките, да го чуваме здравјето. Само така ќе ја победиме сериозната закана од коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави