Search

Иновацијата не е врзана за напорна, туку за умна работа

Иновацијата не е врзана за напорна работа, туку пред сè за умна работа (Don’t work hard, do it smart). Исто така, за да бидеме успешни треба да ги следиме и да учиме и од позитивните примери и пракси од светот кои постојат и кои успешно го развиваат иновативниот екосистем (Lead by example). Ова, во интервју за Бизнис Инфо, го нагласува Драган Давитков од PwC.

-Статистички, во светот секоја година се отвораат 100 милиони бизниси односно три бизниси во секунда. Околу 90% од тие компании завршуваат со неуспех во првиот обид. Тој факт не можеме да го промениме, но можеме да им дадеме сила и да им ги зголемиме шансите за успех укажувајќи им за правилен пристап, план и адаптибилност кон потребите на пазарот. За старт – ап компаниите да “преживеат“ на пазарот потребни се многу услови и искуството покажува дека е потребен баланс помеѓу солиден менаџмент, соодветно знаење за продуктот и пазарот, но и силна страст за бизнисот и неговиот развој и секако малку среќа. Искрено се надевам дека овој настан ќе биде среќен за некој од стартапите кои ќе учествуваат. Ние како PwC направивме многу за ова да се реализира.

…Во таа насока, за да им поддржиме стартапите во нивниот развој, PwC моментално креираме програма која е исклучително фокусирана кон стартапите и нивните потреби поврзани со консалтинг, правни и даночни услуги. Со неколку старт – ап компании веќе интензивно успешно соработуваме во овие области. Сите овие услуги се создадени да се финансиски достапни. Огромна предноста на PwC е што сите овие услуги ги нудиме на едно место во нашата канцеларија во Скопје, вели Давитков.

Целото интервју може да го прочитате тука

Треба да знаете
Последни објави