Search

Иницијаторот за преиспитување на спорните аболиции: Нема политичка заднина

Aдвокатот Зоран Стојановски, кој што стои зад повеќе иницијативи до Уставниот суд меѓу која и таа да се преиспита повлекувањето на спорните  аболици тврди дека немал политички мотиви, а единствена цел за иницијативата со која Уставниот суд би можел да ги воскресне аболициите на екс-шефот на државата Иванов, била заштита на уставноста, вели тој во телефонски разговор за ТВ24.

Тој тврди дека не ги спасувал поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и осомничени од СЈО.

-Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже, вели Стојановски.

Треба да знаете
Последни објави