Search

Иницијатива на жени од Шуто Оризари: Општината повторно остана без гинеколог

Од Иницијативата на жени од Шуто Оризари соопштија дека гинеколошката ординација од Шуто Оризари е преселена во Сингелиќ и го прашуваат министерот за здравство дали има предвидено решение за овој горлив проблем?

„На 22.01.2020 година пред ординацијата на Д-р Вјолце Мбјара затекнавме известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена. Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население“, се наведува во соопштението.

Од Иницијативата апелираат до надлежните институции, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем.

„Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје“, порачуваат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Треба да знаете
Последни објави