Search

Иницијатива за интерконективно гасно поврзување на Струмица со Петрич

Иницијатива за ново интерконективно гасно поврзување меѓу земјава и Бугарија со изградба на госовод од Струмица до Петрич денеска во Скопје пред премиерот Зоран Заев презентираа претставниците на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора. Истата иницијатива му била презентирана и на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Иницијативата предвидува формирање на заедничко претпријтие меѓу двете држави кое ќе го изготви проектот и ќе се обиде да обезбеди средства за негова реализација. Според првичните проценки, гасоводот би чинел од 20 до 25 милиони евра, проектот би се изработил за два до три месеци, а цевките би биле поставени за помалку од три месеци. Презентацијата ја вршеа претставници на „Булгартранс гас” пред институциите од боласта на енергетиката во земјава.

– Помеѓу Петрич и Струмица веќепостои една врска на виртуелна мрежа наречена компресиран природен гас кој се носи од Бугарија за Струмица. Целта е да направиме второ интерконективно поврзување со цевка заради севкупната конекција на Бугарија  и на Република Северна Македонија со „Трансјадранскиот гасовод” (ТАП), како и за излегување на Егејското Море за приклучоците на големите капацитети за ликвиден, односно течен природен гас, кој претставува трет потенцијал за снабдување на нашата земја, но и можност за Бугарија, рече премиерот Заев во изјава пред презентацијата.

Тој нагласи дека земјава веќе доби грант од Вестерн Балкан Инвестмент Фонд за интеконективното поврзување со Грција, но конекцијата со Бугарија, како што кажа, ќе треба да ја финасираат сами двете земји.

– Верувам дека Европската Унија ќе обезбеди дополнителна поддршка зашто природниот гас претставува перспектива за сите земји, па и за Република Северна Македонија. Тука сум за да ги охрабрам зашто верувам дека е сериозен потенцијал за развој нацелата држава, рече Заев.

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров посочи дека  иницијативата се води од идеајата дека е потребна подобра и поголема инфрструктурна поврзаност меѓу двете земји бидејќи се исцрпени можностите за поголема стопанска размена преку постојната инфраструктура, а токму гасоводната инфраструктура им била најлесна за презнтација.

– Стоковата размена може да се подобри и да се дојде до планираната размена од една милијарда евра само ако се инвестира во инфраструктурни проекти, а тоа се комуникациска, железничка, патна и гасна инфраструктура. Гасната ни беше најлесна во овој момент. Ни беше најлесна да ја предвидиме и да ја пренесеме, бидејќи согласно европските закони на земјава и е потребен втор – секундарен извор на гас што ќе се обезбеди преку азербејџанскиот гас преку Пиреја, изјави Лазаров.

Тој нагласи дека во подготовка им се и проекти за железничко поврзување меѓу Струмица и Петрич, како и неколку други комуникациски проекти.

Претседателот на Бугарско-македонската стопанска комора, Пламен Павлов истакна дека со изградбата на новото интерконективно гасно поврзување меѓу Струмица и Петрич ќе се овозможи земјава да не биде само потрошувач на гас, туку и пренесувач, односно низ неа да се транзитира гас за некоја друга држава во регионот.

– За да има можност да се користи за тоа овој гасовод ќе треба да се спои со останатата гасна мрежа во Северна Македонија, рече Павлов.

Треба да знаете
Последни објави