Search

Иницијативата на Тодор Петров за референдум за името на собраниска комисија

Иницијативата на Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), за нов референдум за името денеска е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Граѓанската иницијатива е за собирање на потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија. Овластен предлагач е Тодор Петров.

Тој на крајот на минатиот месец најави дека е поднесена иницијатива да се распише референдум со прашање ,,Дали сте за Северна Република Македонија”.

Треба да знаете
Последни објави