Search

Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод: Не можеме да ги видиме децата, злоупотребена е вонредната состојба

Се повеќе родители, кои според закон се одредени како примарни, самоволно ги прекршуваат решенијата за видување на децата издадени од Центрите за социјални работи под изговор на вонредната состојба и мерките за ограничување на движењето, се жалат од Граѓанската Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод, објави „Фокус“.

Тие објаснуват дека се создава ситуација добар дел од секундарните родители да не можат да ги остварат ниту минималните видувања кои ги пропишува државата, а немаат ниту каде да се обратат за помош. Оваа ситуација може да потрае неколку месеци, додека трае и вонредната состојба.

-Ваквата појава е пред се на штета на голем број деца, според нашите проценки околу 15.000, за кои вонредната состојба значи и целосен прекин на контактите со едниот родител. Потребите на децата не се менуваат во вонредна ситуација, се уште имаат потреба да бидат нахранети, облечени, да си играат и се уште имаат потреба да бидат со двата родитела. Постои и дополнителна потреба да се заштитат од тековната пандемија, но тоа секако дека секој совесен родител го прави за своите деца, почитувајќи ги мерките определени од надлежните. Впрочем, не постои доказ дека децата се позаштитени кај примарниот родител отколку кај секундарниот, велат од  Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод.

Тие потенцираат дека во други земји надлежните министри излегуваат во јавност и објаснуваат дека рестрикциите на движење не се однесуваат на видувањата на децата со родителите.

 

Треба да знаете
Последни објави