Search

Индустриски заштитни маски кои го штитат здравјето на секој од вас

Индустриските заштитни маски или маските за заштита станаа нужна потреба на секој граѓанин, со цел за заштита од повеќе фактори кои се причинители за зголемување на здравствените проблеми кај луѓето. Во време на пандемја од коронавирус кој го зафати целиот свет маските станаа неизбежен дел од секојдневието. Но, овие маски не се само за заштита од вирусни заболувања овие маски се посебно важни за индустриска употреба во фабриките, изведување на градежни работи, полицијата, армијата и други работни обврски.

Производителот на индустриските заштитни маски НЕТАМ, кои се докажани во производството на  душеци во нашата држава со докажан светски квалитет, изработува маски за индустриска заштита  FFP1 од висококвалитетен сертифициран термобондиран филц кои се најпогодни за заштита во ова време на пандемија. Имаат широк спектар на користење и штитат од повеќе надворешни влијанија. Се обликуваат на специјална машина и се дезинфицирани на температура од 220 целзиусови степени. Овие маски имаат висок степен на заштита од вируси до 95%, а имаат голема заштита при носење од бактери, полен и прашина до 80%.

Според производителот овие маски се вистински избор за индустриските работници, но се и доста ефикасни за користење и во заштита од вируси.

“Како компанија која е еден лидерите во производство на душеци во нашата држава со докажан светски квалитет, започнавме со производство на индустриски заштитни маски кои значително влијаат во заштитата на здравјето на работниците. Овие маски имаат голема примена во светот и во индустријата пред се поради нивната еефикасност, но и поради цената која е пристапна за секоја компанија. За да сте потполно заштитени маските треба да ги задржуваат ПМ 10 и ПМ 2.5 честички како и од сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Пазарот е преполн со најразлични понуди, но овие маски се најдоброто решение за сите вработени во индустриски капацитети, полицијата, армијата итн. Нивната примена е докажано ефикасна и во оваа ситуација на пандемија кога е актуелен и коронавирусот во целиот свет.” – изјави сопственикот на НЕТАМ г. Бојан Коцевски.

Индустриската заштитна маска можете да ја купите во продажниот салон на НЕТАМ на бул. ВМРО бр.1 наспроти главна пошта, а наскоро ќе бидат достапни и на други продажни места.

 

Што е важно да се знае за маските за заштита и нивни типови

Постојат повеќе типови на маски за заштита кои имаат различна ефикасност при нивното користење.

Маска за заштита – N95

Овие маски имаат најголема заштита при нивното користење. Штитат до речиси 100% од бактерии, прашина и полен и до 95% од вируси. Овие маски се и едни од најскапите за купување на пазарот.

 

 

 

Хируршка маска

Хируршката маска или онаа маска која е најупотребувана за медицински потреби има процент на заштита од вируси до 95%, а има намален капацитет за заштита од бактерии, прашина и полен од 80%. Овие маски се речиси и тешко да с енајдат на пазарот поради драстична примена и намена за медицинските работници во периодот на пандемија.

FFP1 Маска (Индустриска Заштитна Маска НЕТАМ)

Оваа маска која е индустриска маска комплетно ги изолира честичките во воздухот. Се користи до 7 дена. Пред нејзино повторно користење може да се дезинфицира со влажно алкохолно марамче или со дезинфекционо средство кое се користи за чистење на рацете. По тридневна употреба маската треба да се издува со фен, со топол воздух од внатрешната страна околу една минута. Оваа маска е од голема корист за секој бидејќи е ефтина, а се користи буквално насекаде во светот во индустриски цели.

Маска со активен јаглен

Овие маски се доста ретки кај нас. Нивната главна цел е спречување на миризба, а се слабо ефикасни во заштита од вируси со само 10%  заштитеност, а кај бактериите, поленот и прашината заштитуваат до 50%.

Маска од ткаенина

Маските од ткаенина станаа вистински хит во периодов, во недостаток на вистински маски за заштита, бидејќи голем дел од популацијата може да ги направи дома. Но она шѕо е важно е дека нивната ефикасност е речиси никаква во спречување од вируси. Имаат заштита од бактерии, прашина и полен до 50%.

Сунѓер маска

Сунѓер маските се маски кои се користат поради мода. Нивната ефикасност е речиси никаква во однос на надворешните влијанија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави