Search

Индонезија ќе изгради мост долг седум километри

Индонезија планира да изгради мост долг седум километри кој ќе ги поврзе двата острови во Малезискиот Теснец во близина на Сингапур, како дел од напорите за развој на индустријата и туризмот во оваа област, објави денеска индонезиската влада.

Мостот што ги поврзува островите Батам и Бинтан ќе чини околу 284,35 милиони долари, објави кабинетот на државниот секретар, пренесува „Ројтерс“.

Тоа ќе биде најдолгиот мост во оваа јужноазиска земја.

Изградбата на мостот ќе започне во 2020 година, а мостот треба да биде завршен за три до четири години, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави