Search

Индонезиски музичар доби затворска казна поради објава на Инстаграм

Индонезиски музичар, тапанар на панк-рок бендот Superman is dead од Бали, во четвртокот беше осуден на 14 месеци затвор поради критикување на националното здружение на лекари на својот профил на Инстаграм во врска со справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Геде Ари Астина, попознат по неговото уметничко име „Херинкс“, беше прогласен за виновен за кршење на законот за електронски информации и трансакции (ITE) во Индонезија и осуден на 14 месеци затвор и парична казна од 10 милиони рупи (950 американски долари), изјави портпаролот на судот во Денпасар, Мејд Пасек.

Панел на судии го прогласи за виновен за ширење говор на омраза, во случај кој активистите за права го оквалификуваа како напад врз слободата на говорот.

„Патетично е што во време на национална криза, индонезиските власти се чини дека се повеќе заинтересирани да ги замолчат онлајн критичарите како Херинкс отколку да преземат масовна кампања за јавно информирање за Ковид-19 “, коментираше Андреас Харсоно, индонезиски истражувач за „Хјуман рајтс воч “.

Обвинението произлегоа од објава на Инстаграм минатиот јуни, во која музичарот го критикуваше индонезиското лекарска здружение и го нарече униформиран слуга на Светската здравствена организација.

Треба да знаете
Последни објави