Search

Индијците Сандесара си заминале од Албанија со чартер лет, неколку дена пред избивањето на скадалот

Индиските државјани Нитин и Четан Сандесара, кои властите во Индија ги товарат за кражба и перење 725 милиони долари, а кои се „в домиле” во Албанија, земјата ја напуштиле преку меѓународнот аеродром во Тирана, со чартер лет на 20 март.

По проверката, потврдено е дека Четан во Албанија последен пат влегол на 1 ноември лани, додека Нитин на трети овој месец, но само неколку дена пред избивањето на скандалот тие ја напуштиле земјата.

Со доаѓањето во Албанија на крајот на 2017 година, браќата Сандесара формирале две компании во градежниот сектор, „Тујла Реал Естате” и „Лаксми Реал Естате”, почнале изградба на повеќекатници во Тирана, како и угостителски објект на крајбрежјето во јужниот дел на земјата.

Прашањето „Сандесара” добива се поголем публицитет и отвори дебати откако беше обелоденето дека по кус престој во земјата добиле и албанско државјанство. Уредба за тоа потпишал претседателот Илир Мета по предлог на Министерството за туризам и животна средина, откако, како што објавија од неговиот кабинет, „надлежните служби дале информација дека за тоа нема никаков проблем”.

Скандалот стана уште поголем со фактот дека едниот од нив, Нитин, бил назначен за почесен конзул на Албанија во Нигерија. За тоа документ потпишал Дитмир Бушати, два дена пред да биде разрешен од функцијата министер за Европа и надворешни работи.

Ова министерство соопшти дека на „Нитин Сандесара му е прекинат мандатот почесен конзул на Албанија во Нигерија” и оти министерството нема никаква надлежност при давањето албанско државјанство.

Деновиве албанската полиција го уапси Хитершкумар Пател(59), роден во Индија, а жител на Нигерија, шура на еден од браќата, при обид да ја напушти Албанија на аеродромот во Тирана, врз основа на меѓународна потерница, поради поврзаност со браќата Сандесара

Треба да знаете
Последни објави