Search

Индија ќе купи руски ракетни мотори за својата вселенска програма

Њу Делхи планира да купи ракетни мотори од Москва за својата растечка национална вселенска програма, рече рускиот вицепремиер Јуриј Борисов. Најавата следи по успешното започнување на нова индиска експедиција на Месечината, пренесува РТ.

Борисов во понеделникот, без да даде дополнителни детали, најави планираната продажба на ракетни мотори и го поздрави постигнувањето на Индија на последната мисија за истражување на Месечината.

„Денес им честитаме на нашите индиски колеги за успешно отворање на лунарната програма”, рече Борисов, додавајќи дека двете земји ќе работат заедно на летовите со човечки екипаж во иднина.

Лансирањето на индиското вселенско летало „Чандрајан-2″ го означува почетокот на втората лунарна мисија на Индија. Првата заврши во 2008 година кога Индија стана четврта нација што слета сонда на единствениот природен сателит на Земјата.

Иако првата мисија имаше намерно слетување на сонда, „Чандрајан-2“ ќе се обиде безбедно да слета ровер на површината на Месечината, каде што ќе истражува малку познат регион и ќе испрати фотографии назад на Земјата.

САД, моментално без сопствени модерни шатлови, исто така се потпираат на руската ракетна индустрија за вселенските летови. Иако постојат планови за развивање на ново американско летало преку приватните изведувачи „SpaceX“ и „Боинг“, НАСА во меѓувреме зависи од рускиот ракетен систем Сојуз за да ги одведе своите астронаути во орбитата.

Треба да знаете
Последни објави