Search

Индија се отвори за странските туристи по 19 месеци

Индија денеска се отвори за странските туристи, 19 месеци откако ги затвори границите поради пандемијата со Ковид-19.
„Туристички визи прво ќе им бидат издадени на оние кои доаѓаат во Индија со чартер летови, а од 15 ноември ќе се прошири на патниците од сите летови”, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Протоколите за туристите ќе ги објави Министерството за здравство, но индиските медиуми јавуваат дека патниците најверојатно ќе треба да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест не постар од 72 часа пред летот.
Минатата година Индија ја посетија помалку од три милиони луѓе, што е за 75 проценти помалку од 2019 година.
Њу Делхи планира да додели 500.000 бесплатни визи за помош на туристичкиот сектор, а тоа се очекува да поттикне кратки туристички тури.
Индија е втора по бројот на заразени лица. Од почетокот на пандемијата имаше 34 милиони случаи, а 451.000 луѓе починаа.
Треба да знаете
Последни објави