Search

Индија и Пакистан разменија прекуграничен оган, убиен еден индиски војник

Во услови на зголемен гнев на дипломатско ниво, вооружените сили на Индија и на Пакистан разменија силен оган на Линијата на контрола (ЛоК) во Џаму и Кашмир, при што загина еден индиски војник, пренесува „Спутник“.

Војникот е идентификуван како Наик Раџиб Тапа (34) од областа Џалпаигури во државата Западен Бенгал.

„Војникот беше на истурена позиција во селото Калсија во секторот Наушера, која се најде под жесток оган во раните утрински часови од преку границата“, рече официјален претставник на индиската армија.

Индиската армија соопшти дека се одмаздува за пакистанското пукање на Линијата на контрола. ЛоК е географска граница долга речиси 450 км, што го дели регионот Џаму и Кашмир на две територии, од кои една управувана од Индија и една од Пакистан.
Во вторникот, портпаролот на пакистанската армија, генерал мајор Асиф Гафур, посочи дека најмалку шест индиски војници биле убиени во одмазднички оган од страна на Пакистан во секторот Тата Пани, во близина на ЛоК.

Индија не одговори веднаш на тврдењето.

Треба да знаете
Последни објави