Search

Индија и Пакистан разменија жесток оган покрај границата по кусото примирје

Индиски и пакистански војници уште еднаш разменија жесток оган по линијата на контрола (ЛоЦ) во областа Раџури во најсеверната држава Џаму и Кашмир, пренесува „Спутник“.

„Жестоката размена на артилериски и оган од лесно оружје се случи околу 8:15 часот по локално време во секторот Ноушера во Раџури”, изјави владин претставник.

Во петокот четворица Индијци, вклучувајќи и девојка, беа повредени во гранатирањето во истурените области на секторот Сваџин од Пун во Џаму и во Кашмир.

Минатата недела индиската армија тврдеше дека од средината на февруари регистрирала најмалку 513 прекршувања на прекинот на огнот од страна на Пакистан, по должината на ЛоЦ во Џаму и Кашмир.

Тензиите меѓу соседите ескалираа по терористичкиот нападво Пулвама на 14 февруари, во кој беа убиени најмалку 14 индиски војници. Џаиш-е-Мохамед, терористичка група со седиште во Пакистан, ја презеде одговорноста за нападот, а индиската влада го обвини Исламабад за засолнување и спонзорирање на исламистичките терористи.

„Во изминатиот месец и половина се случија речиси 513 прекршоци на прекинот на огнот, а повеќе од 100 пати за време на овие прекршувања пакистанската армија користеше тешко оружје како минофрлачи и артилериско оружје и таргетираше цивилни области. Само вчера (петок), четворица цивили , вклучувајќи и две девојчиња, беа повредени во Пун”, изјави генерал-полковник Парамџит Синг, командантот на корпусот „Бели витези“.

Индиската армија, исто така, тврди дека пакистанската армија претрпела пет до шест пати повеќе жртви отколку нејзините сили во одмаздничките напади.

Треба да знаете
Последни објави