Search

Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран, Федерер и Надал се пласираа во четвртото коло

Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран, Федерер и Надал се пласираа во четвртото коло

Лидерот во светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ изненадувачки отпадна во третиот круг на турнирот од сериите „Мастерс” во Индијан Велс со награден фонд од 8.359 милиони долари.

Петкратниот шампион Ѓоковиќ загуби со 4:6, 4:6 од Германецот Филип Колшрајбер кој за прв пат во кариерата победи актуелен број 1 во светот по 11 последователни порази.

Дуелот меѓу двајцата беше одложен поради дожд, а при доигрувањето 39-тиот на АТП листата, Колшрајбер, направи брејк во седмиот гем на патот кон успехот во првиот сет, а потоа поведе со 5:2 во вториот дел и тоа се покажа одлучувачки.

– Оваа победа е многу посебна за мене. Имав одлична стратегија и се ми одеше. Многу е специјално да победиш број 1 во светот. За жал со овој натпревар турнирот не завршува. Треба да излезам на теренот утре со истото однесување. Но денес ќе се порадувам на успехот со мојот тренер. Веќе добив многу честитки, прокоментира Колшрајберм кој ќе сретне со број 18 во шемата, Гаел Монфис (Франција) за пласман во четвртфиналето.

Трикратниот шампион во Индијан Велс и втор во шемата Рафаел Надал (Шпанија) немаше никакви проблеми и го елиминира Аргентинецот Диего Шварцман со 6:3, 6:1.

Во четвртиот круг Надал ќе игра против Србинот Филип Краиновиќ кој го изненади број 14, Данил Медведев со 6:3, 6:2.

Петкратниот победник Роџер Федерер (Швајцарија) го освои повторувањето на финалето од 2017 година против сонародникот Стен Вавринка со 6:3, 6:4.

Четвртиот носител Федерер поведе со 5:2 во првиот сет, а во вториот дел по ран брејк имаше водство со 3:1 на патот кон 17-тиот успех во 17 натпревари на тврди терени против Вавринка.

Триесет и седум-годишниот Швајцарец ќе се сретне со Кајл Едмунд (Велика Британија) за место во четвртфиналето.

Едмунд, бр.22 во шемата, победи против Раду Албот (Молдавија) ​​со 6: 3, 6: 3.

Треба да знаете
Последни објави