Search

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Мулајам Синг, земјоделец од областа Пана во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, на своето поле ископал дијамант од 13 карати, вреден повеќе од пет милиони индиски рупии (речиси 58.800 евра).

Други полјоделци ископале уште шест помали груби дијаманти. Властите ќе ги продадат скапоцените камења на аукција, а по одбивањето на даноците и приходите, парите ќе бидат распределени меѓу земјоделците.

Областа Пана во индиската држава Мадја Прадеш е позната по своите рудници и наоѓалишта за дијаманти. Богатиот извор се должи на вулканските ерупции што се случиле пред неколку векови во областа.

Воз буден и среќен поради неговото ненадејно богатство, Синг вели дека има намера да ги потроши парите за образованието на своите деца.

Треба да знаете
Последни објави